Не пропуштај !

Доколку немаш доволно финансиски средства за трошоците наменети за програмата USA Work & Travel, а сакаш да заминеш на работа во САД, не очајувај ZIP Travel има склучено договор со НЛБ Тутунска Банка за наменски кредит за Work and Travel програмата.

nlbtutunska

Со Work & Travel кредитот, студентот може да ја покрие втората рата од програмата, како и трошокот за авионски билет.

Услови:

  • Кредитобарател може да биде кредитоспособно физичко лице (родител/старател) во редовен работен однос, вработенo во компании и институции прифатливи за Банката, додека корисникот на аранжманот за кого е наменет кредитот задолжително се вклучува како ко-кредитобарател;
  • За кредити со рок на отплата 8 месеци со вклучен бескаматен грејс период од 7 месеци: Задолжителен услов за кредитоспособност: месечна плата минимум 15.000 МКД;
  • За кредити со рок на отплата 24 месеци со вклучен бескаматен грејс период од 7 месеци: Задолжителен услов за кредитоспособност: месечен ануитет <= 1/3 плата.

За повеќе информации за кредитот, ве молиме кликнете тука.

Кога е Work & Travel, тогаш е ZIP Travel!


1

Драги наши ZIP Trаvel студенти! Ве молиме погледнете ги најважните совети коишто ќе ви помогнат во припремата пред заминување и за време на вашиот престој во САД на Work & Travel програмата. Ви посакуваме најубаво лето, многу авантури, спомени и незаборавни моменти!

BEFORE YOU LEAVE YOUR HOME COUNTRY

DS-2019 form ви овозможува привремена и легална работа во САД и добивање на социјален број SSN. Пред заминувањето задолжително проверете и споредете ги сите податоци на DS-2019 формуларот и J1 визата. Пред заминување задолжително оставете копија од сите документи кај вашите родители, а покрај оригиналите и вие понесете копија од сите документи со вас.

 

WELCOME IN THE UNITED STATES OF AMERICA

Битни документи кои треба да ги прикажете на имиграција по вашето слетување во САД:

  • Валиден пасош;
  • J1 виза;
  • Работна понуда;
  • Sponsor Letter.

 

WHILE YOU ARE IN THE USA

Чекор 1: Пријавување по пристигнување (Arrival Check In)

Во рок од 72 часа од датумот на влез во УСА, секој студент мора да се најави во SEVIS.

Чекор 2: Испринтајте го вашиот I-94 формулар

Формуларот I-94 го означува вашиот влез во САД кој службеникот од U.S. Customs and Border Protection го пополнува за вас при влез во САД. Потребно е овој формулар да го имате во испринтана верзија, а истиот ви е достапен на следната web страна http://i94.cbp.dhs.gov/I94/consent.html во рок од 24 часа од моментот на влез во САД.

Чекор 3: Аплицирајте за Social Security Number (SSN)

Десет дена по пријавувањето во SEVIS, може да аплицирате за SSN. Потребни ви се следните документи:

  • Апликација за SSN;
  • Пасош и виза;
  • I-94 формулар;
  • DS-2019 формулар;
  • Работен договор.

 

Tax Information

Даноци кои МОРА да ги плаќате во САД: Federal Tax; State Tax; City Tax (во градови во кои постои овој данок).

Даноци кои НЕ МОРА да ги плаќате: Social Security & Medicare Tax (FICA); Federal Unemployment Tax (FUCA)

 

Втора работа

Вашата втора работа мора да биде одобрена од страна на вашиот спонзор пред да почнете да работите. Втората работа мора да ја прилагодите на примарната работа и истата мора да биде на листата на работни позиции кои се одобрени од Department of State за Work & Travel студентите.

 

 

TRAVELING AROUND THE USA

Како да патувате и лесно да најдете сместување во САД?

  • Дознајте кога има автобуски карти до било кој град во САД на официјалната web страна на Greyhound: www.greyhound.com.
  • Ако повеќе сакате да патувате со воз, резервирајте карта од Источниот до Западниот брег на САД на следниот линк: www.amtrak.com.
  • За љубителите на авионскиот превоз, поволни авионски карти може да најдете на следните web страни: www.expedia.com ; www.travelocity.com.
  • За да резервирате хостел/хотел во поголемите градови, пристапете на некоја од следните web страни: www.booking.com ; www.hostels.com/usa.

 


discountsАко и ти посакуваш да си ZIP студент и да заминеш во Америка за време на летниот период преку програмата Work and Travel,тогаш биди разумен и искористи ги попустите кои ти ги овозможува ZIP Travel.

 

Early Bird Special – Попуст од $200 за сите студенти кои ќе аплицираат во месец Октомври;

Second-Timers are Back - Доколку си ZIP студент и размислуваш повторно да аплицираш за USA Work and Travel програмата, ZIP Travel ја наградува твојата решителност и лојалност нудејќи ти специјален попуст од 50 $ во текот на целата сезона!

ZIP You Go Free - Оваа година на сите студенти кои се заинтересирани да аплицираат заедно со еден или повеќе другари, ZIP Travel ви дава и дополнителна можност својата програма да ја добиете бесплатно!

Не пропуштај, искористи! ZIP Travel те наградува во текот на цела година!


Не пропуштај !